Согласно пакетот на техничка помош од Проектот на УСАИД за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите, а во рамки на Програмата за млади професионални, општина Дебрца доби можност преку ангажирање на 1 (еден) практикант за период од 6 месеци, да биде поддржана во спроведувањето на активностите насочени кон зголемување на сопствените извори на приходи на општината.
За таа цел од Проектот се пристапи кон ангажирање на практикант кој треба да и помогне на општинската администрација во ажурирањето и унапредувањето на базата на податоци за данокот на имот и комуналните такси, како и целокупниот систем на даночно администрирање, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на:
- Канцелариски и теренски активности за идентификација и регистрација на недвижен имот;
- Ажурирање на податоци во локалниот систем за администрирање на даноци;
- Поддршка на работењето на одделението за администрирање на локалните даноци и такси како и
- Други задачи доделени од Градоначалникот и/или раководителот на даночното одделение.
Ангажирањето на практикантот и средствата за негово финансирање се обезбедени од страна на Проектот.
За повеќе детали може да погледнете на веб страната на кариера.мк како и линкот до неговата објава https://kariera.mk/job/ny8_zIEp9UG4ScwfxJr0Vw/praktikanti
Краен рок за аплицирање на повик е 25.05.2023 година (вторник)