More

    Владата го објаснува европското знаменце со кластерот Транспорт

    spot_img

    Не можеме да прејудицираме колку ќе чини изградбата на коридорите 8 и 10 д поради тоа што сѐ уште немаме основен проект, велат извори од Владата.

    Оттаму објаснуваат дека цената на ниту еден автопат на крајот не излегла толку колку што била проектирана. Во моментов за изградбата на коридорите 8 и 10 д е проектирана сума од 1,3 милијарди евра, но едно е сигурно дека таа не е конечна.

    Договорот со „Бехтел и Енка“ предвидува конзорциумот да го прави проектот и да го изведе. На овој начин, велат од владата, би се избегнале пропусти какви што се појавиле при изградбата на автопатот Кичево-Охрид. Проектот за овој автопат бил направен од една фирма, како што велат, според Гугл мапс, а кога дошле изведувачите на терен се соочиле со бројни пречки во смисла на гробишта, куќи, свлечишта… Иако бил проектиран на 400 милиони евра овој проект досега чини 600 милиони евра и сѐ уште не е завршен.

    – Држава која нема коридори нема шанси да се развива. Сега имаме 2 отсто економски раст и 3 отсто инфлација годишно – додаваат од владата.

    Поставувањето на европското знаменце на измените во петте закони од владата го објаснуваат со тоа што тие закони биле блокирани во Собранието од опозицијата. Оттаму велат дека ВМРО-ДПМНЕ се крие зад Левица со амандманите, а дека нивни претставници друго зборуваат по амбасадите.

    – Ставањето европско знаменце има политичка оправданост зашто целта е да се забрза градењето на инфраструктурата и на патната мрежа што влегува во кластерот Транспорт во кој е задолжително подобрувањето на инфаструктурата заради интеграција во ЕУ, како и дека коридорите ќе бидат поврзани со ЕУ – објаснуваат од Владата.

    Додаваат дека ова не е преседан туку дека ќе овозможи и некои европски проекти да се придвижат. Од владата велат дека бараните законски измени не се однесуваат само на договорот со „Бехтел и Енка“, туку дека ќе се однесуваат и на други инфраструктурни проекти од железничка, патна и гасна инфраструктура кои ќе бидат финансирани со европски пари.

    Конзорциумот „Бехтел и Енка“ потпиша договор со Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) за изградба на четири автопатски делници во должина од 110 километри на коридорите 8 и 10 д во наредните пет години. Надзорот ќе го врши ИРД инжинеринг, кој како консултант за финансиски трансакции во име на Владата изминатиот месец ги водеше преговорите со конзорциумот. Коридорите ќе се градат со пари од буџетот на Македонија.

    Министерот за транспорт и врски Благоја Бочварски утре во Црна Гора ќе го потпише анексот на Договорот со ЕУ со којшто Коридорот 8 влегува во мрежата на главни коридори во регионот и во ЕУ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img