More

    Ова е најопасното овошје од пазарот: дури и мали количини може да бидат ризични за здравјето

    spot_img

    Последните податоци добиени од европските влади од организацијата PAN Europe (Pesticide Action Network) покажуваат дека овошјето ги содржи најопасните пестициди. Го има речиси на секој пазар, сакаме да го јадеме, а резултатите покажуваат дека и минималното консумирање на ова овошје е штетно по здравјето.

    Врз основа на официјалните податоци, извештајот покажа дека голем дел од европските круши (49 проценти), грозјето (44 проценти), јаболката (34 проценти), сливите (29 проценти) и малините (25 проценти) биле третирани со многу опасни пестициди. а потоа и се продаваат, иако е познато дека тие влијаат на развојот на бројни здравствени проблеми, според Б92.

    Организацијата предупредува дека многу мали дози се штетни по здравјето и наведува дека португалските, белгиските и холандските круши биле меѓу најзагадените. Ист е случајот и со јаболката – најзагадени се холандските, а потоа грчките и португалските јаболка.

    „Темелното миење треба да ги отстрани остатоците од пестициди на површината на производот (фунгициди кои се користат за спречување на гниење при складирање и транспорт). Сепак, многу современи пестициди се нарекуваат „системски“, што значи дека се апсорбираат во растението и се дистрибуираат низ сите негови ткива. Поради ова, остатоците од пестициди често се наоѓаат во телото на самиот производ, па миењето на површината нема да ги отстрани“, изјави своевремено Ник Мол од британскиот огранок на организацијата PAN.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img