Португалското куче по име Боби беше прогласено за најстарото живо куче, а пред неколку дена наполни 31 година.
Боби е овчарско куче Алентеи и живее во областа Леира во Португалија. Нормалниот животен век на оваа раса е помеѓу 12 и 14 години, а никој не очекуваше Боби значително да го надмине тоа. Имено, тој е роден на 11 мај 1992 година заедно со уште три кученца во дрвена барака во селото Конкеирос, во централна Португалија, во семејството Коста.
Бидејќи семејството веќе имало многу животни, родителите решиле да се ослободат од кученцата додека кучето Гира е надвор, раскажува Леонел Коста, тогаш осумгодишно момче.
Но, родителите не забележале дека оставиле едно кученце зад себе. Никој не знаеше за преживеаното куче освен кучето Гира, кое постојано се враќаше во бараката. Единствените кои го забележале тоа биле Леонел и неговата сестра. Тажни од убиените кученца, тие решиле да го чуваат во тајност кученцето додека не зајакне малку и не ги отвори очите.
„Знаевме дека тогаш ништо нема да му направат и дека Боби ќе остане со нас. И така го чувавме во тајност“, изјави Леонел.
„Добивме пенал, се разбира, но вредеше“, додаде тој. Сега, во подоцнежните години, Боби живее мирно, несвесен за својата слава и покрај посетите на новинарите, пишува Индекс.