More

    Загрижени родители пријавуваат хорор во градинката „Детска радост“ во Автокоманда?

    spot_img

    Дали вие, како министерка за труд и социјална политика, сте информирани дека нашите деца често се оставени гладни, благодарение на менаџментот на градинката под раководство на разрешената директорка Анета Петровска?

    Ова до министерка Јованка Тренчевска и до медиумите го пишуваат фродители на детската градинка „Детска радост“ во Автокоманда, во која се згрижуваат децата од Автокоманда, Железара и од Керамидница.

    „Во време кога многу наши соседи чекаат со месеци да ги запишат децата во градинка, наместо за нови инвестиции нашата градинка во јавноста стана позната по скандали и незаконско работење. Како родители згрозени сме од она што го читаме и слушаме во медиумите“, се вели во јавното обраќање, во која се запишани 614 дечиња, кои, како што велат засегнатите, „не заслужуваат ваков однос каков што се случува во изминатите три недели“.

    „Дали вие како министерка за труд и социјална политика сте информирани дека во нашата градинка на дете му беше дупната главата со лажица од страна на вработена во градинката? И што се случи? Вработената си продолжи со работа, само распределена од еден во друг клон.

    Дали вие како министерка за труд и социјална политика сте информирани дека ние како родители месечно од нашите пари уплаќаме надомест во градинката? А дополнително купуваме материјали за работа на децата, како и марамчиња, пластични чаши и слично? За ова нема пари од буџетот на градинката, ама гледаме дека за сметки по ресторани имало пари.

    Дали вие како министерка за труд и социјална политика знаете во каква состојба се клоновите на градинката? Нема пари за реконструкција на објектите, а има пари за луксузен мебел на кабинетот на менаџментот.

    Ве прашуваме, зошто замижувате пред сето ова и се ставате заштита на жена која и во минатото била разрешувана од директорка во градинка во Петровец, за идентични дела како и сега?

    На крајот, ја информираме јавноста дека како родители нема да дозволиме нашите деца да бидат згрижувани во детска градинка со која раководи лице кое видовме сите од документите, работело спротивно на многу закони.

    Бараме од министерката да не ги одзема ингеренциите на општината во управувањето на градинката Детска радост, бидејќи проблемот не е во општината, туку во разрешената директорка.

    Доколку министерката ја заштити разрешената директорка која работела спротивно на Закон ѝ ги одземе ингеренциите на општината, нашите деца ќе ги донесеме пред зградата на Министерството за труд и социјална политика и ќе ги оставиме министерката да се грижи за нив.

    Нашите деца нема да одат во градинка која ја води директорка осомничена за криминал!“, се вели во писмото, а во прилиог има и петиција со потписи.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img