Од Бразил доаѓа трагичната вест за смртта на Мауро Шауле, не толку непознат ММА професионалец, кој можете да го гледате и на Fight Pass на UFC.
Шауле бил убиен по конфронтација во ноќен клуб. Како што пренесуваат бразилските медиуми од Порто Алегре, неговиот пријател најпрвин влегол во конфликт со девојка која била во друштво на припадници на воената полиција кои не биле на должност.
Конфликтот ескалирал, па интервенирале и придружниците. Полицаецот го извадил пиштолот, а потоа дошло до престрелка. Според една верзија, Шауле бил ранет прво, но успеал да го грабне пиштолот и да го застрела полицаецот. После тоа, останатите полицајци отвориле оган и ја раниле девојката во друштвото на Шауле.
ММА борецот успеал да побегне, но по него тргнала воената полиција. Во потерата пукале во неговиот автомобил, по што тој во еден момент изгубил контрола над возилото и на крајот починал.
Ранетиот полицаец и пријателот на Шауле ги преживеале повредите и се опоравуваат во болница.
Шауле има 13 победи и девет порази во 22 професионални борби, од кои три во последните три борби.