More

    Одржана велосипедска тура по планинските патеки на Караорман

    spot_img

    Стотина вљубеници на планинскиот велосипедизам, од цела Македонија ја започнаа Третата велосипедска тура во Дебрца, која годинава во организација на Здружението за планински велосипедизам Рупикапра МТБ Струга се вози по патеките на Караорман.

    Во организација на здружението за планински велосипедизам Прв до врв Скопје, во 2019 година на Караорман и Славеј Планина се одржа првата велосипедска тура, а во 2021 втората велосипедска тура се возеше од село Годивје до Бабин Срт ( 2241 м.н.в. ) , врвот на Стогово и назад.

    Градоначалникот Ногачески Поздравувајќи ги учесниците на вчерашната планинска велосипедска тура, посебно истакна дека општина Дебрца располага со доста неоткриени природни убавини, кои што се привлечни за љубителите на природата, екологисти, планинари, а во поново време и љубители на планински велосипедизам.

    На учесниците им посака успешен настан, посебно да ја почуствуваат недопрената природа и притоа да се напојуваат од слободарскиот дух на овој крај.

    Општина Дебрца во целост го поддржува овој спортско-рекреативен настан, бидејќи преку истиот се промовираат здравиот начин на живот, природните убавини, историското и културното наследство на Дебрца.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img