More

    Анадолија информира дека Ердоган води, а Анка дека во водство е Киличдароглу

    spot_img

    Турските медиуми засега објавуваат различни резултати од денешните претседателски избори во Турција, додека интернет страницата на Изборната комисија не се отвора за да се проверат независно.

    Според државната новинска агенција Анадолија преброени се 57,88 отсто од гласовите и Ердоган има освоено 51,71, Кемал Киличдароглу 42,45, а Синан Оган 5,32 проценти од гласовите.

    Според приватната новинска агенција Анка, за која се смета дека е поблиска до опозицијата, преброени се 46,1 од гласовите, Киличдароглу има освоено 50,93, Ердоган 44,37 и Синан Оган 4,43 проценти од гласовите.

    Портпаролот на владејачката партија АКП на актуелниот турски претседател Реџеп Тајип Ердоган, Омер Челик, ги отфрли тврдењата на опозицијата дека државната новинска агенција Анадолија манипулира со начинот на известување за броењето на гласачките ливчиња.

    – Пребројувањето на гласовите се одвива транспарентно и нема потреба од паника – рече Челик како одговор на забелешките од опозицискиот табор дека се изманипулирани првичните бројки на Анадолија кои укажуваат на предност на Ердоган, пренесе ДПА.

    – Киличдароглу турка кон 50 проценти, додека пребројувањето продолжува – рече шефицата на неговата партија ЦХП во Истанбул, Џанан Кафтанџиоглу во телевизиска изјава. Таа не сакаше да сподели точни бројки.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img