Невреме пропратено со силен дожд синоќа по втор пат во два дена зафати дел од Хрватска и предизвика огромна материјална штета. Надлежните служби од синоќа се на терен, а граѓаните стравуваат дека катастрофата може да стане значително поголема.
По невремето што синоќа ги зафати општините Миклеуш и Слатина, во Жупанискиот центар 112 Вировитица пристигнале повеќе пријави за паѓање на вода од ридовите, поплавување на дворови и закани по куќи, пишува хрватски Дневник.
Ова е второ невреме што во изминатите два дена ја погоди вировитичко-подравинската жупанија. Силно невреме пропратено со град и силен дожд вчера попладне го зафати градот Чачинце, поплавувајќи бројни станбени и деловни објекти и многу земјоделски површини.