Ноќеска околу два часот тежок инцидент се случи во северна Косовска Митровица, кога најмалку едно лице е рането од автоматско оружје во престрелка што се случила на улицата што води кон КБЦ, јавува КоССев.Како што потврдија од косовската полиција, во болница се примени најмалку две лица, но не можеле да потврдат повреда на уште едно, пишува KoSSev.
Повредувањето и пукањето за KoSSev го потврди и заменик-командантот на косовската полиција за северниот регион, Ветон Ељшани, кој нагласи дека засега се уште се прелиминарни информации, а наскоро ќе може да потврди и други детали.
„Во болница се примени две лица, но немаме потврдена информација дека двајца се ранети. Засега знаеме дека едно лице е повредено. Исто така, на лице место, која е главната улица која води до болницата, најдовме чаури од автоматска пушка и траги од крв. Местото е обезбедено и истрагата е во тек“, изјави рано утринава Ељшани за KoSSev.