Општина Куманово поднесе кривична пријава против поранешно вработено лице во Општината со иницијали В.Б. за злоупотреба на службена должност, по член 353 од КЗ. Посоченото лице се сомничи дека ја оштетило општина Куманово така што, од работната позиција која што ја вршело, во постапка за легализација по предметниот имот се откажало од корисничко право за земјиште на кое бил построен објект, кој требало да биде легализиран на име на општина Куманово. Крајната цел била да му овозможи на трето лице да се стекне со имотна корист, така што ќе го легализира објектот на сопствено име.
Со ова вработениот В.Б. ги пречекорил своите законски овластувања и ја оштетил Општината за 2.152.192 денари. Како оштетена страна се појавува и Здружението за слепи лица од Куманово, кому општина Куманово му го дала на употреба објектот за свои потреби. Од страна на Општината незаконското решение е поништено.