Жена побарала oд Папата Франциск да го благослови нејзиното бебе кученце, а тој ѝ одговорил со „толку многу деца се гладни, а ти ми носиш куче“. Отпрвин тој мислел дека се работи за вистинско бебе, но подоцна сфатил дека се работи за куче.
Папата го раскажа на ова на денешниот Аудиториум за помирување во Рим седејќи до италијанската премиерка Џорџа Мелони. Тој зборуваше за фактот дека Италија е во негативен прираст и има сѐ помалку новороденчиња. Тој истакна дека создавањето семејство во Италија е „гигантски потфат“ кој можат да си го дозволат само најбогатите, предупредувајќи дека „немилосрдните“ услови на слободниот пазар ги спречуваат младите да имаат деца.
Бројот на рoдени во Италија падна под 400.000 за прв пат во 2022 година. Земјата бележи пад на наталитетот 14-та година по ред, а населението падна за 179.000, на 58,85 милиони.
– Со оглед на тоа што се потребни се повеќе пари за одгледување деца, луѓето ги ревидираат своите приоритети – рече папата, жалејќи што младите се борат да го остварат својот сон за семејство и се принудени да се откажат од своите желби и наместо тоа да се помират со просечни работи.
Тој, исто така, призна дека постојат „речиси непремостливи ограничувања“ со кои се соочуваат младите жени кога избираат меѓу мајчинството и кариерата.