Момчето Коста Кецмановиќ (13), кое изврши масакр во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград, речиси секојдневно на Гугл пребарувал информации за најмасовните убијци ширум светот, а бил особено одушевен од мексиканскиот нарко-бос Ел Чапо.
– Се зачудивме кога дознавме дека неговата секојдневна потрага се однесувала на тоа кои се најмасовните убијци ширум светот. Како убивале, што користеле, кои им биле жртви… Често го барал Ел Чапо, барајќи нови информации за него – открива извор близок до истрагата за српски медиуми.
Според неофицијални информации, момчето гледало филмови и серии кои ги прикажуваат страдањата на семејствата на убиените. Коста Кецмановиќ го планирал делото еден месец. На неговото биро полицијата пронашла и две белешки. На едната е мапа на движење низ училиштето, а на другата се имињата на 16 деца. На списокот за ликвидација имало деца кои момчето не ги знаело. Се сомневаат дека и нив сакал да ги убие, бидејќи во нешто биле подобри од него.
Коста Кецмановиќ пребарувал и информаци од Кривичниот законик на Србија за да утврди дали ќе одговара кривично, со оглед на возраста.
Изворите блиски јна истрагата велат дека тој не покажал никакво каење за извршеното дело или сочувство со жртвите и нивните семејства.