Израелските сили извршија нови воздушни напади на југот на блокираниот Појас Газа и уништија куќа на палестинско семејство во предградието на Рефах.
Неименувани локални извори јавуваат дека израелски авиони утрово извршиле воздушни напади врз земјоделски имоти во Рафах на југот од Газа.
Истиот извор јавува дека во нападите била целосно уништена куќата на семејството Башир, но се уште нема информации дали има жртви.
Израелската војска во вторникот започна воздушни напади врз Газа, велејќи дека тие биле насочени кон раководството на палестинската група Исламски џихад.
Најмалку 30 Палестинци, меѓу кои шест деца и четири жени, беа убиени во тие напади на израелските сили врз Газа.
Индиректните преговори за прекин на огнот меѓу израелските и палестинските групи сè уште не дадоа резултати.