Ако во скоро време сте купиле чоколаден путер од кикирики, тогаш време е да ја прочитате декларацијата и да проверите дали можеби токму тој производ содржи недеклариран алерген млечен протеин.
Имено, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ги информира потрошувачите дека се отповикува небезбедниот производ „Bio Chocolate Chip peanut butter“, поради присуство на недеклариран алерген млечен протеин.
Од АХВ ги наведоа деталите за производот:
Сериски број/лот: LO107
Рок на употреба: 01.07.2023
Производство: Nature‘s Finest
Увозник: Зегин ДОО
Дистрибутер: Зегин ДОО
„Крајните потрошувачи кои гo имаат купено горенаведениoт производ со посочениот сериски број/лот, истиот да нe гo консумираат и да гo вратат на местото од каде гo купиле“, се вели во апелот на АХВ.