За една недела три трансплантации од починат донор

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

На Клиниката за ортопедски болести при ТОАРИЛУЦ, минатата недела успешно се направени три имплантации на коскени ткива од починат донор кај пациенти со различни заболувања. Кај 16-годишна девојка со повреда здобиена при спортски натпревар, д-р Алан Андоновски направил успешна реконструкција на предниот вкрстен лигамент со лигамент од починат донор.

Кај 49-годишен пациент повреден при пад од 13 метри, во септември 2020 година, кој бил опериран во повеќе наврати и кај кого биле настанати компликации, д-р Александар Савески со коскено ткиво од починат донор направил премостување на несраснатиот дел на фрактурата.

Третата трансплантација е кај 27-годишен пациент со малигна болест – Јуинг сарком. Откако отстранил заболен дел на коската, д-р Резарат Далипи го заменил со здраво коскено ткиво од починат донор.

За период од една година колку што Клиниката за ортопедија е вклучена во Програмата за трансплантација на органи и ткива на Министерството за здравство, направени се пет експантации и 14 имплантации на коскени ткива кај пациенти со сериозни болести предзивикани од трауматски повреди или од малигна болест и со тоа е отворено ново поглавје во трансплантациската медицина во ортопедијата. За многу пациенти особено на тие со малигна болест, добивањето здраво коскено ткиво од починат донор значи можност за нов и подобар живот.

Share This Article