МОН подготвува препораки за училиштата со цел подигнување на безбедноста во објектите, како и намалување на меѓуврсничкото насилство

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Министерството за образование и наука (МОН) подготвува препораки за училиштата со цел подигнување на безбедноста во објектите, како и намалување на меѓуврсничкото насилство. Основа на процесот се заклучоците кои произлегоа од досегашните средби со универзитетски професори и експерти од областа, од средбите со претставници на други засегнати институции, како и од посетите на училиштата каде заедно со наставниот кадар и стручните служби се анализира безбедносната состојба, соопшти МОН.

По финализирањето на препораките, тие ќе бидат проследени до Владата и ќе се усвојат на следната седница. Во меѓувреме, велат од МОН, секој конструктивен предлог е добредојден и може да биде дел од планот за одржувањето на мирот и безбедноста во училиштата и во градењето средина во која учениците ќе бидат фокусирани единствено на стекнување знаења и вештини, а насилството нема да биде тема.
МОН го продолжува процесот на консултации, со вклучување на повеќе општествени чинители кои можат да помогнат во креирањето сеопфатни протоколи за подигнување на безбедноста во училиштата и прирачници за постапување во случај на детекција на меѓуврсничко насилство.

Активни се електронските адреси [email protected] и [email protected], каде може да се пријавуваат случаи на насилство во училиштата. Досега се пристигнати 20-тина пораки, од кои дел се од поранешни професори во форма на сугестии за тоа како да се спречи насилството во училиштата, а има и пријави од ученици кои претрпеле одредена форма на насилство, за што надлежен за постапување е Државниот просветен инспекторат.

Share This Article