More

    Украина објави дека вратила два километри територија околу Бахмут

    spot_img

    Украинските сили напредуваа два километри околу Бахмут, епицентарот на борбите на истокот на земјата, објави украинскиот заменик министер за одбрана.

    „Непријателот претрпе големи загуби во жива сила. Нашите одбранбени сили напреднаа два километри кај Бахмут“, се вели во соопштението на Гана Маљар објавено на социјалните мрежи.

    Таа додаде дека украинските сили не изгубиле ниту една позиција околу Бахмут оваа недела.

    Уште вчера, украинските власти соопштија дека украинските сили со контранапади во Бахмут принудиле дел од руските војници да се повлечат.

    Руското Министерство за одбрана во вчерашното соопштение наведе дека изјавите на поединци преку Телеграма во врска со навлегувањето на неколку места на линијата на фронтот „не соодветствуваат на вистината“, пренесува Би-Би-Си.

    „Општата ситуација во зоната за специјални воени операции е под контрола“, соопшти руското министерство, користејќи го својот термин за инвазија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img