Премиерот Димитар Ковачевски вели дека има сигнали од опозицијата за поддршка на уставните измени.
-Одредени сигнали има дека некои од овие пратеници би гласале. Процедурата е почната и ќе продолжи – истакна Ковачевски во вечерашното тв гостување на Канал 5.
На прашањето дали ќе има 80 пратеници за уставните измени, Ковачевски одговори дека верува во остварувањето на целта и дека работи на тоа.
– Но, тоа зависи и од сите пратеници. Ова е моментот кога е отворена вратата за членство во ЕУ. Не може да бидеме заложници на еден човек. Овој процес не е процес на еден човек, на една партија и една Влада. Опозицијата има можност да се приклучи на европскиот фронт – потенцира премиерот.