Квартетот „Бонд“ („Bond“), нарекуван уште и „Спајс грлс (Spice girls) на класичната музика“ својот втор концерт во Македонија ќе го одржи на 20 мај во Струмица, во културниот центар „Антон Панов“

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Квартетот „Бонд“ („Bond“), нарекуван уште и „Спајс грлс (Spice girls) на класичната музика“ својот втор концерт во Македонија ќе го одржи на 20 мај во Струмица, во културниот центар „Антон Панов“. Концертот ќе биде ексклузивен, во продажба се пуштени само 600 влезници – информира организаторот Авалон Продукција.

Влезниците ќе бидат во продажба од петок (12. април) во 09 часот наутро, онлајн на avalon.mk и ширум продажната мрежа на Авалон низ Македонија по цена од 1.500 денари.

Бонд“ е супербренд во светот на музиката, кој е истовремено и најпродаваниот гудачки квартет на сите времиња. Како уникатна светска гудачка атракција, Бонд има продадено 5 милиони албуми низ целиот свет, 56 платински и 15 златни тиражи на своите изданија, како и огромен број распродадени турнеји низ Европа, Америка, Австралија, Централна Америка и Азија.

Share This Article