Една недела по масакрот во белградското основно училиште „Владислав Рибникар“, родител на еден од учениците во загрепско училиште ѝ се заканил на наставничката дека „Белград ќе се повтори“, по што интервенирала и полицијата. Веднаш бил извршен претрес во домот на ученикот каде биле пронајдени забранети предмети.
– Пред неколку дена имавме инцидент во училиште во Загреб каде родител им се закануваше на наставниците дека „ќе им се случи Белград“ – изјави за РТЛ Жељко Стипиќ од синдикатот „Препород“, додавајќи дека заканата настанала затоа што ученикот добил опомена.
Безбедноста во училиштата сè уште е голем проблем и треба уште многу да се направи на овој план, но проблем е фактот што директорите често одбиваат да зборуваат за тоа, велат од Синдикатот „Препород“.
Инцидентот е пријавен во Министерството за образование.
„Министерството за наука и образование доби барање од основното училиште за интервенција во психолошка криза, што беше спроведено. Директорот на основното училиште бил известен за процедурите за заштита на учениците и бил упатен да го пријави вчерашниот настан согласно Протоколот. за справување со насилството меѓу децата и младите“, соопшти министерството.