Најогнените навивачи на фудбалскиот клуб ПСЖ планираат да ги бојкотираат натпреварите до понатамошно известување поради тензиите со управата на клубот, пренесува АП.
Навивачите на ПСЖ, популарните „ултраси“ изјавија дека нема да ги следат ниту фудбалските натпревари, ниту ракометниот клуб.
Состојбата на нашиот однос со управата не наведува да веруваме дека ова е најдоброто и единственото решение, кое веројатно ќе ја зачува нашата заедничка иднина“, изјавија навивачите по средбата со челниците на клубот.
ПСЖ е на првото место на табелата во францускиот шампионат со 78 бодови, додека второпласираниот Ленс има 72. До крајот на сезоната остануваат уште четири кола.
Некои навивачи на „светците“ неодамна протестираа пред куќата на Бразилецот Нејмар, а за време на натпреварите му свиреа на Лионел Меси.