Аргентинската двојка Херман и Канделарија Зап за 22 години посетиле 102 земји на пет континенти. Со својот автомобил од 1928 година поминале 362.000 километри. Имаа четири деца во различни земји.Херман и Канделарија за агенцијата Анадолија изјавија дека од време на време се враќале во својата земја во текот на 22-годишниот период на патување.
Херман рече дека непосредно пред да започне патувањето, купиле автомобил Graham-Paige 610, произведен во 1928 година.
– Планот ни беше да одиме на Алјаска и да запознаеме 20 земји, но потоа патувањето траеше подолго и посетивме 102 земји. Сакавме да поминеме 25.000 километри, но на крајот поминавме 362.000. Автомобилот патуваше насекаде, ги посетивме пустината Атакама, Гоби и Намиб, потоа Андите, Хималаите, Алпите, големите градови како Истанбул, Лондон, Мумбаи и Токио – изјави Херман.
Посочувајќи дека никој не им верувал кога рекле дека планираат да патуваат со автомобил во 1928 година.
Канделарија рече дека го добиле своето прво дете по две години патување.
– Најголемото богатство што човек може да го има е семејството, а колку е ова семејство поголемо, толку повеќе ќе има богатство и среќа. Многу е убаво да се има семејство додека патува низ светот, да им го покажеме на нашите деца светот во кој живееме – истакна Херман.
Тие имаат напишано три книги за патување.