More

    Во Унгарија е уапсен 17-годишен тинејџер под сомнение дека планирал масакр во своето поранешно училиште, во кој имал намера да пука во дури 50 ученици и вработени

    spot_img

    Во Унгарија е уапсен 17-годишен тинејџер под сомнение дека планирал масакр во своето поранешно училиште, во кој имал намера да пука во дури 50 ученици и вработени, објавија унгарски медиуми.

    Полицијата пронашла докази дека тој во една виртуелна игра нацртал совршена скица од своето поранешно основно училиште, во која влегол со пиштол, а потоа ги застрелал сите живи што се движат.

    Како што пренесува унгарски „Бликк“, момчето од градот Мишколц на неколку социјални мрежи објавило дека има план да пука во училиштето. Тој планирал да купи пиштол кога ќе наполни 18 години, а потоа да оди на стрелиште и да вежба гаѓање. Момчето често посетувало веб-страници на кои се известуваа за масовни пукотници во САД.

    – За време на распитот осомничениот негирал дека сторил кривично дело подготовка за убиство. Рече дека не сакал да убие никого или да добие пиштол. Тој изјавил дека страда од многу сериозни психички проблеми – изјави Золт Џог, портпарол на Окружното обвинителство.

    Иако постои медицинска документација за психичката состојба на осомничениот, во случајот биле вклучени вештаци за таа да се испита.

    – Тинејџерот, кој завршил училиште пред две години, планирал масакрот да го изврши во поранешното основно училиште, кое му било блиску и имал пристап до него. Тој планирал да упадне во училиштето и да употреби оружје против чуварите, кои би можеле да дејствуваат против него. Планирал да влезе и во најмалку две училници, секоја со по 20 ученици. Планирал да го употреби оружјето против 50 ученици – рече портпаролот.

    – Врз основа на неговите објави, идентификувани се самоубиствени намери, а тој самиот истакнал дека доколку успее да ја оствари намерата ќе го сврти оружјето против себе, но претпоставувал дека нема да може да се самоубие. Од друга страна, планирал да пука во полицијата која ќе дојде на местото на настанот, со намера да ја спречи неговата акција – додаде портпаролот.

    Според него, тој повеќе не гледал смисла ва својот живот, и напишал дека не сака да живее повеќе од 19 години.

    Според „Бликк“, ИТ експерти ја пронашле играта, поради што уапсениот не може да негира дека одржал генерален тест на својот план, макар и само на Интернет.

    Адвтокатот на момчето вели дека тоа е само плод на неговата фантазија, за што не био требало да одговара.

    – Мојот клиент ќе негира дека сакал да изврши масакр. Вистина е дека се потрудил на интернет, но тоа не значи дека својата фантазија би можел да ја преточи на дело во реалниот живот – изјави адвокатот Џозеф Лиши.

    Тинејџерот живеел сам со мајка си во стан и бил член на чет група каде млади луѓе од целиот свет дискутитраат како да извршат масакр во училиште. Шокантно е што во групата имало и девојчиња кои според нивните тврдења, се вљубуваат во момчиња кои сакаат да извршат масакри во училиштата.

    Во оваа заедница, пишува „Бликк“, потполно осаменото момче нашло виртуелни пријатели, па дури и обожаватели. Од разговорите на неговиот компјутер се гледа дека тој разговарал со неколку луѓе за убиство на ученици во неговото поранешно училиште и дека сака да ја убие и својата мајка.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img