Американскиот јавен обвинител Мерик Гарланд го одобри првиот трансфер на запленети руски средства за користење во Украина, беше објавено во средата.Минатата година Министерството за правда го обвини рускиот олигарх Константин Малофејев за кршење на санкциите наметнати на Русија по инвазијата на Украина, велејќи дека тој ги финансирал Русите кои промовирале сепаратизам на Крим.
Гарланд најави и „заплена на милиони долари од сметка во американска финансиска институција поврзана со кршењето на санкциите на Малофеев“. Како што кажа и самиот, Гарланд сега одобри трансфер на тие пари за користење во Украина.
„И додека ова претставува прв американски трансфер на запленети руски средства за изградба на Украина, тој нема да биде последен“, рече Гарланд.