Во Министерството за образование и наука веќе има 20 пријави за врсничко насилство, неполна недела откако МОН овозможи тоа да се прави по електронски пат, откако се случи масакрот во Белград, каде ученик уби 9 луѓе и повреди 7седуммина.
Министерот за образование, Јетон Шаќири изјави дека првиот чекор во процесот е проверка на изворите и точноста на информациите наведени во пријавата, по што ќе следат други чекори.
Младите, родителите и граѓаните можат да пријават врсничко насилство на мејловите [email protected] и [email protected].