Српскиот одбојкар Драган Кобиљски се огласи за споменувањето на името на неговата ќерка која почина по масакрот во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Врачар во Белград. На фејсбук тој напиша:
„Почитувани, ја цениме вашата желба да земете од таква трагедија барем порака за луѓето и општеството да се вратат на вистинските вредности и да застанат на патот на злото околу нас. Ние сме скромни луѓе кои само сакаме да ја премолчиме нашата болка. Ниту го сакаме, ниту се согласуваме со споменувањето на нашето дете повеќе од другите трагично загинати и тешко повредени деца, бидејќи сите тие се убави суштества, а родителската, братската и сестринската болка е иста во сите ожалостени семејства“, рече Кобиљски во објавата.
Во масакрот 13-годишниот Коста Кецмановиќ уби осум соученици и чувар од училиштето, а рани шест ученици и наставничката по историја.