Руската влада засега не сака да склучи примирје бидејќи не ги постигнала своите воени цели, изјави високиот претставник на ЕУ, Жозеп Борел.
– Моментално, Русија не сака да седне да преговара за што било: она што таа сака е да ја окупира земјата. Сака да го опколи брегот до границата со Молдавија и да ја изолира Украина од морето. Таа сака сериозно да преговара само кога ќе обезбеди позиција на сила – рече Борел во интервју за шпанската ТВЕ.
Борел, исто така истакна дека Европската Унија и нејзините сојузници ќе продолжат да испорачуваат воена помош за украинската војска.
– Ова е важно бидејќи сè ќе бид е решено во следните 15 дена. Она што ќе остане запишано во историјата е способноста на Украинците да пружат отпор – потенцираше Борел.