Новинарот на АФП, Арман Солдин, загина во ракетен напад врз еден од украинските градови во вторникот. Во моментот на нападот со него биле уште четворица колеги, кои биле неповредени. Сочувство за смртта на новинарот изрази и францускиот претседател Емануел Макрон.
Новинарот и снимател на француската новинска агенција АФП Арман Солдин е убиен во ракетен напад кај Бахмут. Французинот, кој е роден во Сараево, заедно со четворица колеги известувал за случувањата околу овој украински град, каде со месеци се водат жестоки борби. Новинарите кои биле со него во моментот на нападот не се повредени.
Солдин работел како дописник за агенцијата АФП, а од почетокот на војната во Украина ја водел работата на новинарските тимови на споменатите медиуми. „Сите ние во агенцијата сме шокирани од смртта на Арман. Ова е ужасен потсетник за ризиците и опасностите со кои секојдневно се соочуваат новинарите кои известуваат од Украина“, изјави директорот на АФП, Фабрис Фрис.
Во моментот на смртта на новинарот, францускиот претседател Емануел Макрон, исто така, се огласи на Твитер за да ја пофали храброста на Солдин. Ја споделуваме болката на неговите најблиски и на сите негови колеги“, заклучи претседателот Макрон.
Во февруари, Арман Солдин гостуваше на ТВ Н1 Сараево, каде зборуваше за работата и известувањето од украинските боишта.