More

    Ковачевски вели дека Македонија е спремна да прими бегалци

    spot_img

    Пред почетокот на вонредниот самит на НАТО, денеска во Брисел, премиерот Димитар Ковачевски нагласи дека Македонија веќе ја усогласила својата надворешна политика со ЕУ и ги донела сите одлуки усогласени со земјите членки на НАТО и на ЕУ.

    – Денес сите сојузници на НАТО се обединети и ќе ја понудиме нашата поддршка за народот на Украина. Северна Македонија како земја членка на НАТО веќе ја усогласи својата надворешна политика со Европската Унија и ги донесовме сите одлуки усогласени со земјите-членки на НАТО и ЕУ со цел да го одвратиме она што Путинова Русија го прави во Украина. Во насока да им помогнеме на Украинците ги донесовме сите потребни одлуки во земјата за да ги прифатиме сите бегалци кои би побарале засолниште во нашата држава – изјави Ковачевски.

    Тој истакна дека на самитот меѓу другото ќе се зборува и за зацврстување на источното европско крило.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img