More

    РК Вардар ќе има промотивен тренинг со репрезентацијата на Србија

    spot_img

    Во Скопје од неодамна е основан Рагби Клуб Вардар, чија цел е да го промовира овој спорт во Македонија и да развие конкурентен и национален рагби тим. За таа цел новоформираниот рагби клуб Вардар е домаќин на заеднички тренинг-настан со српскиот национален рагби тим во четврток ( 11.05.2023 година) на теренот на ФК Работнички, веднаш до националната арена Тоше Проески со почеток од 19:00 часот.

    Настанот е од отворен карактер и има за цел да го промовира овој спорт во Македонија. Да се стане дел од Рагби Клуб Вардар е првиот чекор до облекување за прв пат на националниот дрес на Македонската Рагби Репрезентација. Клубот со задоволство ги повикува сите атлети, рагби ентузијасти и спортски фанови да се придружат на ова патување. Сите дополнителни информации може да се најдат на профилот на @rfkvardar на социјалните медиуми.
    Националниот тим на рагби Србија постои од 1953 година. Во Србија има околу 13 активни рагби клубови, меѓу кои веќе познатите спортски друштва како што се Партизан, Црвена Ѕвезда, Раднички…

    Српската рагби лига, вклучувајќи го и националниот тим, кој се натпреварува во Европската федерација на рагби лига, дава поддршка на соседните земји, вклучително и на Македонија, за да помогне во промовирањето на овој спорт.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img