More

    Ковачевски со оптимистички прогнози

    spot_img

    Членството на Северна Македонија во ЕУ треба да биде натпартиска обврска и одговорност на сите општетсвени чинители во земјата. Доколку имаме политичка волја, храброст од страна на сите политички партии, до 2030 година Северна Македонија ќе стане членка на ЕУ – изјави премиерот Димитар Ковачевски во интервју за Гласот на Америка за време на неговата работна посета на САД:

    – Ние апсолутно сме земја која ги остварува своите стратешки цели, благодарение на одлуките кои што лидерството на државата во одредени моменти ги има носено. Вие знаете дека нашите внатрешни односи ги имаме уредено врз основа на Охридскиот рамковен договор и ние сме пример за држава во која етничките и сите други односи се уредени на највисоко ниво.

    Второ, со договорот од Преспа обезбедивме членство на земјата во НАТО, а минатата година со прифаќањето на преговарачката рамка ги започнавме преговорите со ЕУ. Сега, од нас зависи носењето на следните одлуки во однос на што побрзо зачленување на државата во ЕУ.

    Тоа е обврска на сите членови на парламентот, на сите политички партии бидејќи ова се натпартиски одлуки од кои зависи иднината на генерациите, на сегашната и на идните и подобриот живот кој со тоа се обезбедува за сите граѓани – рече Ковачевски.

    Премиерот во интервјуто вели дека Северна Македонија веќе има 45 отсто усогласено законодавство со европското, а скрининг процесот тече исклучително добро, што реално овозможува земјава во 2030 година да стане членка на ЕУ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img