More

    Ердоган пред најголем тест досега

    spot_img

    Еден од најмоќните политичари на денешницата, претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган, е пред голем тест. За помалку од една недела оди на претседателски и парламентарни избори, за кои повеќето анкети покажуваат дека главната опозициска алијанса, Националната алијанса, води пред коалицијата Народна алијанса, предводена од Партијата на правдата на Ердоган.

    Опозициската предизборна коалиција ја вклучува главната опозициска партија на Кемал Киличдароглу, потоа исламистичката партија на славата, Демократската партија, како и две партии основани од поранешните сојузници на Ердоган – Дева и Иднина.

    Во големото финале Ердоган ја покажува силата со мега-изборни митинзи. Огромна маса луѓе, рамо до рамо го преплави плоштадот во Истанбул, навивајќи за Ердоган и неговата партија.

    Владетелот на Турција, веќе две децении е пречекуван на митинзите како ѕвезда. Во својот настап тој се пофали со силата и поддршката, упатувајќи напади и навреди кон опозицијата.

    – Дали главната опозициска Републиканска народна партија не е про-ЛГБТ? Партијата на правдата и развојот никогаш не била про-ЛГБТ и никогаш нема да биде – рече тој.

    Ердоган вели дека на митингот имало повеќе од еден милион и седумстотини илјади луѓе.

    Ова според Ердоган, е одлична можност да се соочи со главниот предизвикувач во претседателската трка.

    – Господине Кемал, пијте колку сакате. Можете да пиете полно буре пиво, но и тоа нема да ви биде подобро. Мојата нација нема да даде збор на алкохоличар, пијаница – рече Ердоган.

    Киличдароглу е кандидат на шест опозициски партии и анкетите му даваат благо водство и предвидуваат можна победа во вториот круг.

    – Нема да ја оставиме судбината на Турската Република во рацете на една личност и никој нема да ги прифати зборовите на само една личност – порача Киличдароглу.

    Изборната тензија веќе зоврива. Околу 100 луѓе го нападнаа со камења возилото на градоначалникот на Истанбул за време на митинг на опозицијата. Инцидентот се случил во градот Ерзурум, познат како упориште на владејачката исламско-конзервативна Партија на правдата и развојот.

    Третата по големина партија во парламентот, прокурдската Демократска партија на народите (ХДП), ја формираше Алијансата за труд и слобода со неколку други левичарски партии.

    Политичките опции, кои излегуваат на гласање, можат да влезат во парламентот доколку го поминат прагот од седум отсто од вкупниот број гласови.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img