More

    Гутереш: Мировните преговори во Украина во моментов се невозможни

    spot_img

    Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, во вторникот, во интервју за шпанскиот весник „Ел Паис“ изјави дека „во овој момент“ не се можни мировни преговори за ставање крај на војната во Украина.

    „За жал, не мислам дека во моментов се можни мировни преговори“ и „Не гледам никаква можност за постигнување глобален прекин на огнот сега“, рече Антонио Гутереш во тој разговор.

    Јасно е дека (двете) страни се целосно ангажирани во војната и се убедени дека можат да победат, нагласи генералниот секретар на ОН.

    Сепак, Гутереш нагласи дека се надева оти во иднина ќе биде можно да се доведат Русија и Украина на преговарачка маса.

    Овој вторник, Русија го слави Денот на победата над нацистичка Германија во 1945 година.

    Пред илјадници руски војници и политичка елита собрани на Црвениот плоштад во Москва, претседателот Владимир Путин ги обвини западните земји дека организираат „војна“ против Русија и им се заблагодари на хероите што се борат во Украина.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img