Не намалување на пенисот, како што оди познатото суеверие, туку намалување на мозокот може да предизвика прекумерното гледање на порно-филмови кај мажите, откриле научниците уште во 2014 година. Добрата вест? Научниците уште не се сигурни дали се работи за зависност или едноставно мозоците на некои мажи се склони да се „самонаградуваат“ преку порно, пишува ИФЛ Наука.
Во студијата објавена во списанието JAMA Psychiatry биле скенирани мозоците на 64 мажи.
Но, каде се тука жените?
Научниците се правдале дека не вклучиле жени во истражување велејќи дека „мажите се изложени на порнографија на помлада возраст, консумираат повеќе порнографија и имаат поголема веројатност да наидат на проблеми во споредба со жените“.
Во просек, групата пријавила дека поминува 4,09 часа неделно гледајќи порнографски материјали, но имало многу варијации. Дваесет и еден од учесниците биле класифицирани како „изложени на ризик од зависност од секс на интернет“.
Конкретно, студијата покажала дека мажите кои поминуваат најмногу време гледајќи порно имаат тенденција да имаат помалку сива материја во десниот дел од мозокот, наречен стриатум. Овој дел од мозокот има повеќе улоги, но онаа што е најрелевантна за оваа студија е улогата што ја игра во врските меѓу невроните кои служат за наградување на мозокот.
Некои мажи, сепак, се скроени за гледање порно
„Земено заедно може да се дојде во искушение да се претпостави дека честото активирање на мозокот предизвикано од изложување на порнографија може да доведе до абење и дорегулација на основната структура на мозокот“, гласи реченицата во статијата на магазинот Wired која тогаш, во 2014 година, била објавена.
Но, она што е поинтересно е втората реченица во статијата која вели дека сепак, ваквата состојба можеби не е производ на зависност, туку на предиспозиција на мозокот кај некои мажи. Ова тотално ги менува работите – можеби сепак не се работи за зависност!
За какви предиспозиции се работи? За тоа што кај некои мажи мозокот е посклон да гледа на порното како на нешто што повеќе го задоволува, поточно, е награда за мозокот.
Ова зависи и од навиките на мажите. Какви навики, таков мозок.
Нека се договорат прво психијатрите и психолозите!
Значи, можеш ли да станеш зависник од порно? Вистината е дека психолозите и психијатрите уште не можат да се договорат во врска со ова. Зависноста од порнографија моментално не е препознаена како самостојно нарушување на менталното здравје од страна на Американското психолошко здружение.
Слично е и со таканаречената зависност од секс. Наместо тоа, сѐ поголем број стручни книги го користат терминот ЦСБД, кратенка за компулсивно, импулсивно и зависно однесување во врска со сексот. Ова може да вклучува и порнографија.
Но, ниту ЦСБД не е официјален термин и е далку од прифатен од научната заедница.
И да не е зависност, има некои негативни ефекти
Сепак, ова не значи дека прекумерната конзумација на порно не може да има влијание врз менталното здравје. На пример, студија од 2021 година вели дека порното предизвикува негативни резултати кај менталното здравје на студентите, иако авторите на студијата истакнел дека потребни се понатамошни истражувања.
Во еден извештај од 2022 година анализирани се повеќе тековни истражувања на оваа тема и сите велат дека постои врска меѓу порното и компулсивното однесување за и околу сексот, а најверојатно поврзано со нервните врски во мозокот.
Порното е неизбежна карактеристика на животот во 21 век. Нема бегање. Пандемијата со ковид-19 и изолацијата исто така влијаеше на нашите навики во врска со порнофилмовите.
Истражувањата се во тек. Ништо не е сигурно, освен кликот на Порнхаб, Брејзерс…А мжоеби ќе има и „лек“. Неделава во Велика Британија беше одобрен првиот третман за зависност од порно.