Илјадници граѓани во 18 часот се собраа на покана на неколку парламентарни опозициски партии, испратени по двете големи трагедии во кои во масовните престрелки во таа земја загинаа 17 лица, главно млади луѓе.
Пред Собранието на Србија во Белград во тек е протестниот собир „Србија против насилството“.
Се бара донесување на низа мерки за запирање на промовирањето насилство на јавниот простор, како и разрешување на функционери. На протестниот марш граѓаните побараа смена на министерот за внатрешни работи Братислав Гашиќ и на директорот на Безбедносно информативната агенција Александар Вулин.
– Во оваа земја никој не се чувствува сигурно. Затоа и бараме оставки на Гашиќ и Вулин. По она што ни се случи, ова се малку луѓе – изјави актерот и опозиционер Сергеј Трифуновиќ за „Н1“.
Организаторите објавија дека, според проценките на полицијата, на улиците на Белград се собрале повеќе од 50.000 луѓе. Во повеќе градови во Србија се одржуваат протестни собири.
фото: Н1
Beograd 08.05.2023. Protest Srbija protiv nasilja. Protestna šetnja Foto: Vesna Lalić/Nova.rs