Интерарт културниот центар ја продолжува Националната турнеја на проектот „Простор за разговор“

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Интерарт културниот центар ја продолжува Националната турнеја на проектот „Простор за разговор“ (Dancing (Talking) Table) во соработка и со поддршка на Швајцарската амбасада во Скопје. Следниот настан ќе се одржи утре, 9 мај, со почеток во 20 часот, во партнерство и соработка со Домот на култура „Македонија“ во Гевгелија.

Во рамки на настанот ќе се изведе претставата „Простор за разговор“ во кореографија и режија на Рисима Рисимкин. Настапуваат танчарите на Скопје танцовиот театар Анастасија Данчевска, Дејан Битровски, Бобан Русески, како и Стефани Шааршмит, Сара Димовска, Клара Христова, Јоана Благадуша, Микаела-Анџела Глигорова, Илина Костовска, Моника Шолевска, Ангела Петровска и Стефанија Милевска Враниќ, студенти на Катедрата за современ танц при универзитетот „Гоце Делчев“.

Ќе биде прикажан и филмот кој е специјално подготвоен на таа тематика, а пред публиката ќе се обратат, директорката на домот за култура, магистер по уметност, Мирјана Крстева Масети, Петар Јанчев, член на Интерсекторска група за родова еднаквост во Општина Гевгелија и Рисима Рисимкин, уметничкиот автор на проектот кои ќе зборуваат на темата за родова еднаквост и семејно насилство.

Националната турнеја на овој активистички проект се случува во партнерство со универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, „Националната мрежа против семејно насилство“ и локални партнери од 10 градови во Македонија,  кои се занимаваат со темата на родово еднаквост и родово базирано насилство.

Премиерата на претставата „Простор за разговор“, се одржа на 26 ноември 2022 година во Мала станица во Скопје, и за таа цел беа создадени уметнички рефлексии на темата, преку современа танцова претстава и филм на истата тема. Овој месец турнејата ќе продолжи низ повеќе градови во земјава.

Share This Article