More

    Од засега непознати причини четири паркирани автомобили изгореa денеска рано изутрината во близина на клучката кај Бит пазар

    spot_img

    Од засега непознати причини четири паркирани автомобили изгореa денеска рано изутрината во близина на клучката кај Бит пазар, соопшти полицијата.

    Пожарот е пријавен околу 3 часот наутро по што интервенирале пожарникари и ги изгаснале возилата. Од МВР велат дека работат на утврдување на причините за пожарот.

    „На 08.05.2023 во 03.11 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул. Цветан Димов во Скопје настанал пожар во патничките возила „опел“ со скопски регистарски ознаки сопственост на А.С.(41) од Скопје, „фолксваген голф“ со гостиварски регистарски ознаки сопственост на О.С.(46) од Гостивар, „пежо“ со скопски регистарски ознаки сопственост на А.М.(27) од Скопје и „ауди“ со скопски регистарски ознаки сопственост на А.М.(26) од Скопје. Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а повредени лица нема“ – информира МВР.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img