Се реализира првата работилница за музички менаџмент наменета за независната музичка сцена во Битола. Истата се одржа на 05/05 во салата на Кино Манаки – КИЦ Битола, на тема „Како до успешен музички букинг.“
Претставници од десетина локални бендови, беа запознати со активностите и целите на проектот и веб страната наменета за промовирање на независната музичка сцена. Настанот траеше 2 часа, воден од професионалниот музичар, професор и промотор, директор на џез фестивал Поповски Сашо од Битола. Освен професионалната матрица за букинг, Поповски ги сподели своите искуства од почетоците до денес, што беше охрабрувачо и корисно за младите музичари. Настанот е дел од мини проектот; „Зајакнување на независната музичка сцена Битола“ поддржан од MOST.кој има за цел мапирање, профилирање промовирање на младите независни музичари и групи и подобрување на локалните полиитки за оваа целна група.