Бранко Ружиќ попладнево поднесе неотповиклива оставка од функцијата министер за образование, неколку дена по трагедијата што се случи во белградското основно училиште„Владислав Рибникар“, јавија српските медиуми.
По масакрот што се случи во основното училиште „Владислав Рибникар“, во средата пред Министерството за образование на Немањина 22 се собраа неколку илјади луѓе, а на средбата беше побарана оставка од министерот за образование.
Во писмото што го испратил до српската премиерка, Ружиќ уште еднаш „во неискажлива болка им изразува најдлабоко сочувство до најблиските на жртвите“ и додава дека ангелчињата нека почиваат во мир и дека Господ нека ни е на помош за нешто вакво никогаш повеќе не се случува.
„Драматични слики од настани од училиште, солзи пролеани при изразување на сочувство до неутешните родители на повредените деца, ќе носам како печат на мојата душа до крајот на животот“, се вели во писмото на Ружиќ до премиерот.
Тринаесетгодишниот К.К.(14), ученик од седмо одделение на „Владислав Рибникар“, на 3 мај околу 08:40 часот вооружен дошол во училиштето и отворил оган.
Загинаа осум ученици и училишен чувар, а ранети се пет ученици и еден професор по историја.