More

    Уставот забранува цензура, потребна е регулација

    spot_img

    Министерот за  информатичко општество и администрација Азир Алиу вели дека конечен став околу иницијативата за забрана на социјалната мрежа Тик-ток во државава ќе има само по координирана активност со правосудните, образовните и безбедносните институции, нагласувајќи дека ја поддржува иницијативата на Министерството за образование и наука за евалуација на ризиците од сите социјални платформи.

    – Најпрвин, цензурата е регулирана со Уставот, така што, конечен став околу таква мерка, може да следи само по координирана активност со правосудните институции и со останатите образовни и безбедносни институции во државата. Оттаму ја поддржуваме иницијативата на МОН за евалуација на ризиците од сите социјални платформи. МИОА има јасен став дека е против секој вид на говор на омраза или насилство, без исклучок, и поддржуваме санкционирање на секој извор на говор на омраза/насилство – вели Алиу.

    Потребно е, укажува ресорниот министер, да направиме дистинкција помеѓу говор на омраза/насилство како и извори на говор на омраза/насилство од една страна и самите платформи за говор преку кои таков говор би се трансимитирал.

    – Оттаму, Министерството за информатичко општетсво и администрација ги зема во предвид сите социјални платформи без исклучок. Иако во моментов не заземаме став за забрана на која било социјална платформа, но и како родители, силно сметам дека социјалните платформи како феномен на цивилизацијата на нашето време треба да почнат да се регулираат. Следствено како Министерство веќе преземаме подготвителни активности во тој правец и ќе се вклучиме со општествени иницијатив своевремено – вели Алиу.

    Од МИОА апелираат за зголемување на свесноста за социјалните платформи на наставно образовниот кадар и кај родителите и огромно внимание. Дополнително, вклучително и до невладиниот сектор, како и останатите државни институции, телевизиски и радио концесионери да продуцираат содржина со образовно воспитен карактер и да ги пополнуваат празнините на социјалните платформи со добри содржини.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img