More

    Камерите го уловија однесувањето на Вилијам кон Хари

    spot_img

    Вчерашното крунисување на британскиот крал Чарлс Трети  е историски настан за кој се зборува и денеска, а една од главните теми секако се скараните браќа Хари (38) и Вилијам (40).

    И додека постариот Вилијам и неговото семејство го следеа најважниот ден на неговиот татко од првиот ред, Хари седеше во третиот ред со своите братучетки, принцезите Беатрис и Евгениј, ќерките на принцот Андреј (63 ) и со нивните сопрузи.

    Ова беше првпат браќата да се сретнат по експлозивните мемоари на Хари „Резервна копија“ во кои тој упати низа обвинувања против своето семејство. Некогаш блиските браќа не се ни погледнаа, ниту во моментот кога Вилијам и Кејт (41) влегоа со своите деца во Вестминстерската опатија, а по објавувањето на книгата првпат го сретнаа Хари во иста просторија.

    Додека одеа до своите места, лицето на Хари го бараше погледот на Вилијам, но безуспешно. За време на церемонијата камерите го фатија и како неколку пати гледа кон својот брат, идниот крал.

    Хари не се појави ниту на балконот со остатокот од семејството по церемонијата и го фати првиот авион за да се врати во Америка кај својот семејството.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img