Во несреќата во паркот во Оренбург вчера биле повредени 20 лица, меѓу кои 12 деца. Дванаесет од повредените се во болница, од кои една жена е во критична состојба, а едно дете е во тешка состојба. Останатите се во средно тешка состојба, соопшти прес-службата. Министерството за здравство на Русија; пренесе РИА.ру.
Несреќа на рингишпилот се случила во паркот „Оренпарк“, кога конструкцијата буквално се поделила на половина за време на возењето.
„Според оперативните податоци, како резултат на инцидентот во Оренпарк, повредени се 20 лица, од кои 12 деца, осум лица се упатени на амбулантско лекување. Во болниците во Оренбург се хоспитализирани 12 лица, меѓу кои шест деца. Сите пациенти се прегледани“, се наведува во соопштението од општинските служби.
Се појаснува дека една жена со повеќе повреди се наоѓа во критична состојба на одделението за интензивна нега. Во тешка состојба е и десетгодишно дете, кое исто така е на интензивна нега.