Претседателката на ЛДП и пратеничка, Моника Зајкова ќе достави предлог до Владата за забрана на Тик-ток како и останатите социјални мрежи кои поттикнуваат насилство. Таа на 16-от Конгрес на Либерално-демократската младина информира дека како партија имаат има низа предлози.
– Забрана и контрола на симнување на игри, содржини и апликации кои експлицитно покажуваат и поттикнуваат насилство. Исто така, преглед и контрола на филмови кои можат особено кај помладите луѓе да поттикнат насилство, манипулативно да бидат употребени во пропагандистички цели со величење на насилството – рече Зајкова.
Таа побара Министерство за правда да ја разгледа состојбата и предложи заострување на казнената политика со намалување на возраста за кривична одговорност согласно европското законодавство и практики, како и поголема контрола во училиштата и ангажирање на психолози и педагози за превенирање на булингот во образовниот процес.