More

    Дујовски предлага отворени кампањи

    spot_img

    Последните случувања во соседна Србија каде малолетник пред два дена со пиштол уби и повреди соученици и 21-годишно момче со пиштол уби и рани повеќе лица, го отворија прашањето колку и како оружјето им е достапно на децата.

    Професорот Никола Дујовски, декан од Факултетот за безбедност во Скопје, појаснувајќи ја процедурата за набавка и поседување на огнено оружје во нашата држава која е регулирана согласно Законот за оружје,  нагласува дека една од работите што треба да се исполнат е да се докаже дека граѓанинот има оправдана причина да набави и да поседува огнено оружје.

    -Тоа е особено значен дел бидејќи тука се регулира начинот на којшто државата може да контролира дали навистина граѓанинот кој поднел барање за издавање на огнено оружје има оправдана причина или не. Како оправдани причини може да се сметаат заканите по безбедноста на лицето. Доколку тој или членовите на неговото семејство се под одредена закана во остварувањето на својата работа или во приватниот живот може да се процени дека лицето има право да поднесе барање за поседување, односно набавување и поседување на огнено оружје – појаснува Дујовски.

    Според него, проблем е нелегалното оружје и нагласува дека треба да се зборува за отворени кампањи за тоа дали имаме потреба од оружје.

    – Многу ретко се случува да имаме проблеми со лицата кои имаат легално оружје, го поседуваат согласно законите на нашата држава и го користат на соодветен начин. Меѓутоа, бројот на нелегално оружје кое што се поседува во целата држава треба особено да не загрижи и веројатно сега е вистинското време кога треба да зборуваме за отворени кампањи дали навистина имаме потреба да поседуваме огнено оружје и дополнително да сме свесни колкави се опасностите од поседувањето на нелегално оружје првенствено затоа што МВР постојано спроведува акции во коишто се одземаат нелегални оружја. За тоа законот предвидел ригорозни казни и има многу граѓани кои заради незнаење, меѓутоа и заради тенденција да се прекршуваат законите, поседуваат огнено оружје и за тоа добиваат соодветни казни пропишани и во Кривичниот законик и во Законот за оружје – истакна професорот.

    Тој смета дека сега е вистинско време кога треба да сериозно да се зборува за отворена кампања за враќање на нелегалното оружје или за зајакната контрола на дозволите коишто се издадени за набавки и поседување на огнено оружје со цел, како што вели, да си се заштитиме себеси, особено нашите деца за кои, како што, за жал видовме во изминативе неколку денови во непосредното опкружување може да бидат загрозени од страна на поединци коишто лекомислено, на многу страшен начин употребуваат толку лесно и едноставно огнено оружје.  

    Тој порачува дека е потребно да се отвори сериозна дискусија во нашето општество и да се обидеме да превенираме и да го заштитиме сечиј живот.

    – Да не ни се случува заради невнимание на лов или заради детска играчка да се доведуваме во ситуација да губите човечки живот – предупредува професорот Дујовски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img