Ученик од скопско основно училиште вчера на училиште дошол со пластичен пиштол. Пиштолот играчка во еден момент го вперил кон други ученици, но потоа го предал, дознава Курир.мк.
„На 05.05.2023 во просториите на основно училиште на подрачјето на Чаир, Скопје, полициски службеници во присуство на родители, педагог, психолог и директорката на училиштето извршиле службен разговор со малолетник-ученик во училиштето, постапувајќи по претходна пријава од директорката на училиштето дека извадил пластичен пиштол (играчка) и го насочил кон други ученици, а потоа и го предал на неа. Известен е дежурен јавен обвинител за малолетници“, информирале од МВР за Курир.
Четири средношколки од скопско училиште вчера објавиле содржина со закана на социјална мрежа.