More

    Чарлс и Камила денеска ќе бидат крунисани за крал и кралица

    spot_img

    Новиот британски крал Чарлс Трети и неговата сопруга Камила ќе бидат крунисани денеска во Вестминстерската опатија во Лондон. Улиците на Лондон, работните места и јавните простори со денови се украсуваа во пресрет на церемонијата на крунисувањето.

    Повеќе од 2.200 гости, меѓу кои шефови на држави, познати имиња и хуманитарни организации од 203 земји, како и членови на кралското семејство, ќе присуствуваат на крунисувањето на англискиот крал Чарлс Трети. Српскиот претседател Александар Вучиќ рече дека нема да присуствува на церемонијата поради тоа што во Србија е прогласена тридневна жалост по масовното убиство на ученици во училиште во Белград.

    Прослави и забави ќе се одржуваат низ целата земја денеска и утре, по што овој викенд ќе биде познат како „викенд на крунисување“ а 8 мај ќе биде државен празник.

    Во речиси секој парк во Лондон се поставени детски игралишта, а важните градски улици и плоштади ќе бидат место за специјални прослави.

    Во тек се подготовките за неделниот настан „Голем оброк“ на клучните улици и паркови во градските окрузи Хамерсмит, Фулам и Чисвик покрај реката Темза.

    Онаму каде што граѓаните ќе се соберат да го прослават крунисувањето на новиот крал, општината и невладините организации поставија маси на кои ќе се служат оброци, а ќе има и површини за деца.

    Улицата Хамерсмит, позната како Кинг Стрит ќе биде затворена за сообраќај за време на викендот и во понеделник.

    За прославата на новиот крал се подготвени и најпознатите лондонски улици Оксфорд и Реџент. Некои продавници во двете улици се украсени со знамиња.

    За церемонијата се подготвени и улицата Мол Стрит, плоштадот Трафалгар и плоштадот на Парламентот пред Бакингемската палата, која ќе биде центар на крунисувањето. На овие три точки, каде илјадници луѓе ќе ја следат парадата на кралот, вниманието го привлекуваат украсите, а поставени се и трибини за гостите и платформи за новинарите.

    Крунисувањето на кралот Чарлс Трети во Англија се смета за историски настан. Кралот Чарлс Трети ќе се искачи на тронот, за кој чекал речиси 70 години. Последното крунисување во оваа земја беше во 1953 година за неговата покојна мајка, кралицата Елизабета Втора. На нејзиното крунисување присуствуваа повеќе од 8.200 гости.

    Празнична атмосфера може да се почувствува во продавниците за сувенири и во сите други продавници. Има книги за животот на кралот Чарлс, монархијата и кралицата Елизабета во излозите на Вотерстоунс, еден од познатите синџири на книжарници во земјата. Граѓаните покажуваат голем интерес за предметите произведени специјално за оваа церемонија.

    Во ресторани, продавници за облека, железнички станици и такси може да се види логото на круната, фотографијата на кралот, маските и знамињата.

    Утре треба да се одржи голем концерт во замокот Виндзор. На концертот ќе настапат многу уметници како светски познатите Кејти Пери, Лајонел Ричи и Андреа Бочели.

    Концертот, на кој ќе присуствуваат 20.000 луѓе од целата земја и ќе го следат во живо во повеќе од 100 земји во светот, ќе биде јавен настан со учество на волонтери од бројни хуманитарни организации.

    Познатиот британски пејач, композитор и пијанист Елтон Џон одбил да настапи на концертот, правдајќи се со турнеја во странство. Елтон Џон беше многу близок пријател на принцезата Дијана, поранешната сопруга на кралот Чарлс.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img