Жерар Пике и Шакира не престануваа да ја забавуваат јавноста со своите инциденти.
Овој пат драмата се случила во Мајами. Пејачката неодамна, по разделбата со Пике, се пресели во САД, а со себе ги зеде и децата. Со фиудбалерот се договори да доаѓа и да ги посетува кога ќе посака.
И така, во луксузен хотел во Мајами, Пике дошол да ги посети децата и веднаш се скарал со Шакира.
Но, тука бил Тонино, братот на поранешната девојка на славниот фудбалер. Со намера да ја заштити својата сестра, Тонино му удрил бокс на Пике.
Навивачки настроените шпански медиуми тврдат дека Тонино го нокаутирал Пике, но вистината е дека не се знае точно кој го извлекол подебелиот крај.