More

    Министрите и денеска одбија да кажат каква плата примиле овој месец

    spot_img

    Министрите и денеска одбија да кажат каква плата примиле овој месец. Намсто цифра на примена плата тие рекоа дека е добро што одлуката на уставниот суд не е со ретроактивно дејство па издатокот на државата би бил многу поголем.

    Првиот заменик на претседателот на Владата, Артан Груби рече дека сите плати се различни и тие се закоснки добиени.

    -Добро е што таа одлука не важи ретроактивно. Мојата плата е пониска од претходното работно место – рече Груби и одби да каже колкава плата примил.

    Министерот за финансии Фатмир Бесими пак појасни дека повисоки плати зеле 1.000 државни функционери, а за нив годишно ќе се трошат дополнително 960 милиони денари или месечно по 80 милиони денари.

    -Ќе треба да пренамениме средства од други позиции за да се дадат платите на функционерите. Тоа треба да го направи секоја институција со согласност со министерството за финансии – рече Бесими.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img