More

    Се скрши: Меси повеќе не сака да игра за Пари Сен Жермен

    spot_img

    Фудбалерот на Пари Сен Жермен, Лионел Меси повеќе не сака да игра за клубот од Париз, кој го суспендираше аргентинскиот репрезентативец на две недели бидејќи отпатува во Саудиска Арабија без дозвола на тренерот Кристоф Галтиер, пренесува L’Equipe.

    По поразот од Лориен (1:3) во францускиот шампионат, Меси го напушти тренинг кампот на Пари Сен Жермен и отпатува за Саудиска Арабија. Тој тврдеше дека очекувал фудбалерите на „светците“ да добијат два дена одмор, но управата на клубот одлучила играчите да имаат тренинг по поразот од Лориен.

    ПСЖ го суспендираше Меси на две недели, а Аргентинецот нема да игра на натпреварите против Троес и Ајачио.

    Тој треба да игра за ПСЖ на крајот од сезоната против Оксер, Стразбур и Клермон. Сепак, L’Equipe наведува дека Меси повеќе не сака да игра за ПСЖ, бидејќи неговиот договор истекува на крајот на сезоната.

    Меси не се враќа на теренот по она што се случи и не може да се замисли повторно да игра на „Паркот на принцовите“, бидејќи знае дека навивачите ќе го пречекаат со свирежи“, пренесува L’Equipe.

    ПСЖ е прв на табелата во францускиот шампионат со пет бода повеќе од Марсеј на пет кола пред крајот на националниот шампионат.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img